Дома Македонски спорт Мак фудбал Во Пелистер и Битола имаат јасен став: Очекуваме промоција во првата лига!

Во Пелистер и Битола имаат јасен став: Очекуваме промоција во првата лига!

Tимот на Пелистер јасно го кажа својот став околу ситуацијата со продолжувањето на фудбалската сезона во Македонија.

Пелистер сака побрзо да се реши ситуацијата затоа што тие се први на второлигашката тебал на западот и очекуваат промоција во првата лига.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Биотолскиот клуб излезе со соопшение кое ви го пренесуваме во целост:

“Фудбалскиот клуб Пелистер нестрпливо ја очекува одлуката на македонските извршни и фудбалски власти во врска со иднината на сезоната во македонските шампионати. Во интерес на нашите започнати проекти, а како обврска кон симпатизерите, чувствуваме потреба да ја информираме јавноста дека ФК Пелистер, во годината во која што слави 75-годишнината од своето постоење, има една единствена долгорочна цел – промоција во Првата лига и значајно место во македонскиот клупски фудбал.

Со оглед на новонастаната ситуација, сакаме да потенцираме дека здравјето на нашите граѓани мора да остане на прво место и дури потоа може да се размислува за спортскиот и натпреварувачки дел. Нашата порака е да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за поголема група од македонски прволигаши и второлигаши за завршување на оваа и пополнување на местата за следната сезона.

Нашето проектирање за Пелистер во Првата лига започна уште многу порано пред привремениот стоп на шампионатите. Сопственикот Пеце Стојчевски одамна го апострофираше проектот кој засилено се реализира оваа сезона. Доведувањето на тренерот Зоран Штерјовски и неговиот стручен штаб, засилувањата во зимскиот преоден рок и одличниот старт на пролетниот дел на Втората лига – Запад се доближување до идејата клубот да се врати во елитната категорија. Убедени сме дека тоа ќе се случи ако шампионатот продолжи и се доигра. Во интерес на одлуката за иднината на шампионатите алудираме да се стави на маса и проектот за реновирање на северната трибина на стадионот во Битола. Објектот е пред самиот крај и веруваме дека ќе се поклопи со враќањето на клубот во Првата лига ова лето.

Напоменуваме дека ФК Пелистер веќе ја објави програмата за прослава на 75-годишнината на клубот и идеја е да ја прослави со промоција во Првата лига. Се повикуваме и на членот 176 во статутот при одредбата за прекин на шампионатите при виша сила. Во него се вели:

„Во случај на виша сила и за прашања кои се регулирани со овој статут, надлежност има Управниот одбор на ФФМ, кој при одлучување ќе ги земе во предвид правилата на ФИФА и УЕФА, позитивните законско прописи и начелото на право и праведност“.

ФК Пелистер повикува на разумна одлука и фудбалски компромис како не би се нанела штета на големите проекти. Управниот одбо рна клубот, Општина Битола и армијата навивачи „Чкембари“ очекуваат позитивни вести и промоција на ФК Пелистер во прволигаш“, стои во соппштението.

Фото: ФК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милевски: Полека репрезентацијата го добива изгледот кој го сакам

Македонската фудалска репрезентација запиша убедлива победа на гостувањето кај Летонија со…