Дома Фудбал Англија Пелегрини: Клоп е навикнат да победува со голови од офсајд

Пелегрини: Клоп е навикнат да победува со голови од офсајд

Вчера во англиската Премиер лига, Вест Хем и Ливерпул ги поделија бодовите со резултат 1:1.

Погодокот на Ливерпул вчера дојде од нерегуларна ситуација, Џејмс Милнер кој му асистираше на Садио Мане, пред да ја прими топката беше најблиску до противничкиот гол. Меѓутоа, тоа судиите не го забележаа, па Ливерпул стигна до водство. Вест Хем подоцна го изедначи резултатот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јирген Клоп после натпреварот се жалеше на судиите кои навистина освен офсајдот на Ливерпул направија уште неколку катастрофални грешки и на двете страни.
Од друга страна пак стратегот на Вест Хем, Мануел Пелегрини јавно го нападна Клоп.

„Клоп е навикнат да победува со голови од офсајд ситуации. Кога бев тренер на Малага поодамна ме победи со гол од чист офсајд, кој можеби беше длабок и седум метри. Тој не би требало да биде оној кој им приговара на судиите“, изјави Пелегрини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …