Низ вистински пекол во последните пет месеци поминува поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.
Станува збор за Педро Леон кој поради грешка на докторите не игра веќе пет месеци и сеуште не е познато кога ќе се врати на терените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се започна минатата сезона во натпреварот против Барселона. Леон доби блага повреда поради која се претпоставуваше дека ќе паузира околу два месеци. Меѓутоа, докторите го советуваа на операција. Тврдеа дека тоа е рутинска процедура и дека набрзо ќе се врати на терените.
Подоцна оваа дијагноза се покажа како погрешна. Коленото после операцијата многу страдеше и Леон веќе пет месеци не може да игра. Не е познато кога целосно ќе се опорави. Шпанските медиуми тврдат дека во февруари ќе мора повторно да заигра, но сеуште не е ништо сигурно.
Педро Леон важеше за голема надеж на шпанскиот фудбал. Кариерата ја започна во Мурсија, а во 2010 година за 10 милиони евра премина од Гетафе во Реал Мадрид.
Меѓутоа во Мадрид не се наигра, па брзо се врати во Гетафе, додека член на Еибар стана на почетокот на минатата сезона.
За овој тим на 37 натпревари постигна 10 погодоци.