Дома Фудбал Педри: Од Реал ме избркаа и ми кажаа дека не сум на нивното ниво

Педри: Од Реал ме избркаа и ми кажаа дека не сум на нивното ниво

Ѕвездата на Барселона и шпанската репрезентација, Педри откри за искуството што го имал во Реал Мадрид.

Педри важи за еден од најголемите шпански таленти, блеска во дресот на Барселона, и е новата „десетка“ на шпанската репрезентација.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Педри во 2019 година пристигна во Барселона од Лас Палмас, а претходно бил на проба во Реал Мадрид.

„Отидов на проба во Реал Мадрид, тренирав три дена таму. На крајот ми кажаа дека не сум на потребното ниво за да бидам во тој клуб и дека ќе продолжат да ме следат“, откри Педри.

„Сега сум  на местото на кое сакам да бидам. На почетокот не беше лесно да те бркаат од некои клубови, но тоа ми послужи како мотивација и сега уживам во Барселона“, додаде плејмејкерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Францускиот репрезентативец од Рома: Клуб како Интер ако ме сака, тоа е позитивно за мене

Играчот на Рома Ману Коне даде интервју за „Кориере дела сера“, каде што беше прашан колку…