Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Педри импресионираше: Енрике го спореди со Иниеста, Линекер го нарече суперѕвезда во создавање

Педри импресионираше: Енрике го спореди со Иниеста, Линекер го нарече суперѕвезда во создавање

Педри Гонзалес, 18 годишниот играч за врска на Барселона воодушеви како сензационален стартер за Шпанија на Еуро.

Шпанците беа елиминирани од Италија после пенали. Еден од најдобрите во репрезентацијата на Шпанија беше феноменалниот тинејџер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Забележавте ли какво првенство одигра 18 годишниот Педри? Така ниту Дон Андрес Иниеста не играше! Не сум видел на некое Европско, Светско или Олимписки игри некој 18 годишник да игра така“, воодушевено зборуваше селекторот Луис Енрике.

Гери Линекер, англиската легенда кој е стручен коментатор на „Би-Би-Си“ исто така беше воодушевен.

„Педри е навистина добар. Апсолутна суперѕвезда во создавање. Фантастичен фудбалер“, порача Линекер.

Во регуларните 90 минути Педри имаше 100% точни додавања, а во продолженијата изгуби две топки, па натпреварот го заврши со 65 точни додавања од 67 обиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Киеза сака да остане во Ливерпул

Федерико Киеза и неговиот агент го пренесоа своето јасно ставено до знаење на Ливерпул дек…