Дома Трансфер зона Пасторе моли да го пуштат во Интер!

Пасторе моли да го пуштат во Интер!

Веќе не е тајна дека Хавиер Пасторе сака да го напушти Пари Сент Жермен во зимскиот преоден рок, а Аргентинецот тоа синоќа и јавно го соопшти.

Пасторе сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, бидејќи сака да биде дел од аргентинската репрезентација на Светското првенство.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека Аргентинецот веќе се доворил со Интер, а тој самиот не негираше дека Милано е интересна опција за него.

„Не знам се уште што ќе направам, ситуацијата е многу тешка. Среќен сум во Париз, но сакам да играм повеќе и да одам на СП. Ќе биде болно за мојата кариера да не настапам на турнирот поради одлуката да останам овде и да не играм. Морам да донесем одлука заедно со клубот. Морам да направам повеќе за да бидал дел од составот за СП, минатиот пат не бев повикан зошто не играв. Морам да играм регуларно и имам подобра шанса“, искрен беше Пасторе.

„Многу се зборува за Интер и ако морам да заминам сакам таму да одам особено зошто ја знам Серија А и мојата сопруга е Италијанка. Интер може да биде решение, ама не знам што ќе се случи. Ќе видиме во наредните денови и ќе се обидеме да најдеме решение“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…