Тоа го може само Џенаро Гатузо! Човекот кој уште како играч беше познат како разбивач на противничките акции и како тренер продолжи да ја убива фудбалската игра. Само што, во Пиза околу себе немаше и фудбалски мајстори кои неговата деструктивност ќе ја украсат со понекој смислен и убав фудбалски потег во нападот.
Па така, после дебаклот на Пиза во дуелот со Читадела (1:4) тимот и официјално го заврши престојот во втората италијанска фудбалска лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Парадоксално, Пиза го загуби второлигашкиот статус и покрај тоа што има примено помалку голови од неколку други тима од ова фудбалско натпреварување, поточно има најмалку примени голови во цела Серија Б, но за разлика од нив, тимот е далеку поужасен кога станува збор за нападот.
Чисто за споредба, наспроти 33 примени гола во својата мрежа, Пиза во тој поглед е далеку подобра од водечкиот SPAL, кој има примено 36 гола, колку и четвртопласираната Перуџа, додека Спекија на осмото место е со само 34 примени гола.
Но, очајните 23 постигнати гола во 40 натпревари го направија своето и Пиза се пакува и се сели во фудбалски понизок ранг. За разлика од нив, SPAL, чисто за споредба, има дадено 40 гола повеќе, што значи вкупно 63.
Тешко дека и вие, а и ние, ќе се сетиме на некој сличен пример.