Папис Сисе повторно ќе игра за голем клуб.
Сисе Европа најмногу го запозна по настапите во Њукасл каде што своевремено беа одличен тандем со Демба Ба, неговиот гол против Челзи е еден од најубавите во Премиер лигата.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Тој го носеше дресот на Аланија каде што играше добро и на 65 натпревари постигна 42 гола. Така доби шанса повторно да игра за голем клуб. Сисе денес потпиша договор со Фенербахче.
Во Фенербахче Сисе доаѓа како слободен играч и потпиша договор на една година со можност истиот да се продолжи.
„Ви благодарам на сите, среќен сум што се заврши како што треба. Дојдов во Фенербахче и ќе дадам се од себе“, изјави Сисе на претставувањето.
Сисе во Фенер ќе го носи дресот со број 9.