Дома Македонски спорт Пандев: Дојдов од мало градче и ги освои сите пехари, немам за што да жалам

Пандев: Дојдов од мало градче и ги освои сите пехари, немам за што да жалам

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев веќе три дена е тема во италијанските медиуми откако и официјално објави крај на кариерата.

Пандев во 2001 година како тинејџер дојде во младинскиот тим на Интер, а подоцна го носеше дресот на Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма. Со Интер ги освои сите клупски трофеи, а со Македонија заигра на Европското првенство па затоа порачува дека нема за што да жали.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Немам за што да жалам, повеќе не можев да направам од она што го направив. Од мало градче дојдов во Италија и ги освоив сите пехари. Тоа е сон на секој, а мене тој сон ми се оствари.

 Освојувањето на Лигата на шампионите е нешто за што сонува секој фудбалер, јас тоа го направив со Интер. Настапот со Македонија на Европското првенство исто така ми беше нешто за што сонував и со голот таму го направив само тој момент поубав“, истакна Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во Наполи јасни: Мектоминеј може да замине, но цената е оваа!

Наполи ја објави огромната сума што ја посакува за својата најголема ѕвезда, а тоа е секак…