Денес од 13:00 часот беа одиграни натпреварите од 17-тото коло во македонското првенство во кое најголемото изненадување го направи Академија Пандев.
Пандевци на гостински терен во Тетово славеа победа против тимот на Шкендија со минимален резултат од 0:1. Единствениот гол на натпреварот го видовме во првото полувреме кога погоди Крстовски во 26 минутата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вардар го искористи киксот на Шкендија и славеше победа од 3:0 против прилепска победа.
Црвено-црните натпреварот го отворија на истекот на 30-тата минута кога стрелев беше Брдаровски. Нови погодоци во вториот дел постигнаа Попзлатанов и Исеини во период од само три минути, во 67-та и 70-тата минута.
После овој кикс на Шкендија и победа на Вардар разликата на врвот на табелата сега е три бода. Шкендија е лидер со 37 освоени бодови, додека Вардар е второпласиран со 34.
Во останатите натпревари Работнички ја победи Беласица со 1:2, додека со резултат 1:1 завршија средбите Македонија Ѓ.П – Силекс и Шкупи – Ренова.