Дома Фудбал Репрезентации Палермо беше малер: Италија сега ќе ја пречека Македонија во друг град

Палермо беше малер: Италија сега ќе ја пречека Македонија во друг град

Фудбалската Федерација на Италија го избра градот домаќин за квалификацискиот натпревар против Македонија во квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Во месец ноември „Аѕурите“ ќе играат против Македонија на свој терен, тој натпревар е закажан за 17-ти тој месец. Италијанците се одлучија Рим да биде градот домаќин.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Последниот натпревар во Италија, Македонија го играше во Палермо и тој натпревар ќе остане запишан во нашата историја бидејќи се изборивме за финален бараж против Португалија. Одлувачкиот гол го постигна Александар Трајковски во самата завршница.

Пред натпреварот на „Олимпико“, Македонија ќе биде домаќин на Италија на 9-ти септември во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…