Дома Фудбал Лига на шампиони Падна рекордот на Касиљас: Ноер испиша историја во Лигата на шампионите

Падна рекордот на Касиљас: Ноер испиша историја во Лигата на шампионите

Баерн вчера го победи Арсенал со 1:0 и со вкупни 3:2 го исфрли од Лигата на шампионите.

Единствениот гол на натпреварот беше дело на Џошуа Кимих, тој го постигна во 63. минута, но голема заслуга за успехот има и голманот Мануел Нојер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај одличната одбрана, тој испиша и историја.

Ова беше негов 58. натпревар во елитното европско натпреварување каде успеа да ја зачува мрежата.

„Клучот во мојата улога во тимот е да го пронајдам вистинскиот баланс и да не ризикувам многу. Од последната линија ги баравме вистинските додавања за да се заканиме кон голот и мислам дека воспоставувањето на тој тимски баланс беше клучен“, рече Нојер по натпреварот.

Ќе потсетиме, Ноер се врати на терените неодомна по долга пауза поради повреда која ја заработи на скијање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…