Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ е многу блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, тврди весниот „АС“.
Преговорите помеѓу „јорганџиите“ и Ајнтрахт се во напредна фаза, па трансферот треба да се финализира во следните денови а ќе биде тежок 40 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
25-годишниот Ребиќ имаше одлична сезона во Ајнтрахт и постигна 9 гола во Бундеслигата, а имаше и многу добри настапи во Лига Европа.
Ребиќ дебитираше за хрватската репрезентација во 2013 година и имаше голема улога во испехот на „коцкестите“ на последниот Мундијал.
Може да игра на двете крилни позиции и е играч кој Диего Симеоне силно го посакуваше во своите редови.
https://youtu.be/ZgNgGnxYizQ