Дома Фудбал Англија Очекувана победа: Челзи подобар од Борнмут

Очекувана победа: Челзи подобар од Борнмут

Лидерот на табелата во англиската Премиер лига, екипата на Челзи забележа очекувана победа над составот на Борнмут во натпревар од 32.коло, последен од денешната програма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ од Лондон на гостински терен славеа триумф со 3-1, а серијата на голови ја започна домашниот играч Анам Смит со автоголот во 17.минута, за три минути подоцна Еден Азар да зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел домаќините намалија преку Џошуа Кинг (42), но Маркос Алонсо со погодокот во 68.минута ги постави конечните 3-1 за Челзи.

Попладнево се одиграат и средбите: Тотенхем – Ватфорд 4-0, Стоук – Ливерпул 1-2, Вест Хем – Свонси 0-1, ВБА – Саутемптон 0-1, Мидлсборо – Барнли 0-0 и Манчестер Сити – Хал 2-1.

Утре се среќаваат, Сандерленд – Манчестер Јунајтед и Евертон – Лестер, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Кристал Палас – Арсенал.

Табела: Челзи 75 бода, Тотенхем 68, Ливерпул 63, Манчестер Сити 61, Арсенал 54, Манчестер Јунајтед 54, Евертон 51.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…