Дома Фудбал Англија Официјално: Њукасл конечно назначи нов тренер!

Официјално: Њукасл конечно назначи нов тренер!

Раководството на Њукасл конечно го избра новиот тренер после заминувањето на Рафа Бенитез.

Тоа е 58-годишниот Стив Брус, за кого Њукасл плати 4 милиони фунти на Шефилд Венздеј за неговите услуги.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Јас сум среќен и многу горд што сум во можност да бидам главен тренер на Њукасл. Ова е клубот што го поддржувам од дете, исто така клуб на мојот татко, така што она што се случува е многу посебен момент за мене и за моето семејство. Очекуваме сериозен предизвик, но јас и мојот тим сме подготвени за тоа“, изјави Стив Брус.

Брус и неговиот тим веќе пристигнаа во Кина, каде што денес Њукасл игра против Вулверхемптон на Купот на Премиер лигата во Азија. Тие ќе го предводат тимот во сабота на вториот натпревар против Манчестер Сити или Вест Хем на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез ќе го одврзе ќесето: Алонсо сака засилување од 100 милиони евра

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо активно работи и на создавање тим за иднината, при шт…