Тоа што се најавуваше изминатите денови, сега доби официјална потврда. Иван Чупиќ од следната сезона ќе игра за ППД Загреб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По пет години поминати во Скопје, хрватскиот репрезентативец заминува од Вардар и потпиша 3-годишен договор со Загреб.
„Цели 15 години играм во странство, понудата од Загреб дојде во вистински момент за мене и моето семејство. Го видов новиот проект на клубот и се најдов во него“, изјави Чупиќ.