Дома Топ вести Официјално: Челзи искешира 64 милиони за ѕвездата на Борусија Дортмунд!

Официјално: Челзи искешира 64 милиони за ѕвездата на Борусија Дортмунд!

Во вториот ден од новата година се случи првиот голем трансфер во зимскиот преоден рок. Кристиан Пулишиќ е нов играч на Челзи за сума од 64 милиони евра.

Борусија Дортмунд денес официјално потврди дека постигнала договор со Челзи за трансфер на Пулишиќ, но договорот ќе важи од јуни. Имено, крилниот напаѓач ќе остане во Дортмунд до лето, а потоа ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Негова голема желба беше да игра во Премиерлигата. Тоа сигурно има врска со неговото американско потекло и поради тоа не можевме да го убедиме за продолжување на соработката. Решивме да ја прифатиме оваа богата понуда на Челзи од 64 милиони евра. Сигурен сум дека во последните месеци од неговиот престој тука ќе направи се што е во негова моќ да ги исполни спортските цели со тимот на Борусија Дортмунд“, изјави Михаел Цорг, спортскиот директор на Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…