Фудбалскиот сојуз на Холандија денеска го именуваше Дик Адвокат како нов селектор на репрезентацијата.
Помошник на Адвокат во репрезентацијата на Холандија ќе биде Руд Гулит. Холандија беше без селектор уште од март, кога Дани Блинд доби отказ по поразот од Бугарија во квалификациите за Светското првенство 2018 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За Адвокат ова нема да биде прв пат како што ќе ја води репрезентацијата на Холандија. Имено, тој на кормилото на оваа репрезентација беше во периодот од 1992. до 1994. година и од 2002. до 2004. година.
Дик во својата кариера ги предводеше репрезентациите на Србија, Русија, Белгија, Обединетите Арапски Емирати и Јужна Кореја. Од клубовите, меѓу останатите, ПСВ, Борусија Мехенгладбах, Алкмар, Сандерленд и Фенербахче.
Репрезентацијата на Холандија по пет одиграни натпревари се наоѓа на четвртото место во групата А за квалификациите за Светското првенство во Русија со седум освоени бода.