Дома Останати Кошарка Официјално: Фајнл-фор на Евролигата ќе се игра во Белград

Официјално: Фајнл-фор на Евролигата ќе се игра во Белград

Белград официјално ја доби организацијата на завршниот турнир во Евролигата и така по четири години повторно ќе биде домаќин на фајнл-форот.

Првично завршниот турнир требаше да се игра во Берлин. Германците се откажаа поради епидемиолошките мерки, бидејќи се уште важи правилото натпреварите во сала да се играа без публика.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Белград во овој момент беше најдобра алтернатива за Берлин. Им должиме голема благодарност на владата на Србија и на градот Белград. Очекувам епидемиолошката ситуација да дозволи да имаме спектакуларен турнир“, изјави првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу.

Белград 2018 беше повеќе од успешен домаќин на фајнл-форот и има искуство во организирање големи настани.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 19 мај од 18 и 21 часот, додека финалето ќе се игра на 21 мај од 19 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Каков малер: Се врати на теренот по 500 дена пауза и за две минути ја скина тетивата! (Видео)

По долга пауза од 500 дена поради сериозни повреди, американскиот плејмејкер на Олимпијако…