Барем според најновата одлука на УЕФА, Динамо нема да биде исфрлен од Европа поради нередите кои во Атина ги направија неговите навивачи. Европската куќа на фудбалот официјално го одреди датумот кога ќе се одигра натпреварот.
Со одложувањето се менува целиот распоред затоа што сега АЕК прв ќе гостува на „Максимир“ на 15-ти август од 20:00 часот, датум кога требаше да се игра реваншот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот натпревар на „Аја Софија“ ќе се одигра четири дена подоцна, односно на 19-ти август од 20:45 часот.
Ќе потсетиме во бруталната пресметка помеѓу навивачките групи животот го загуби 29 годишен навивач на АЕК кој бил избоден со тврд предмет.