Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Тренерот на ГФК Осогово си поднесе оставка

Официјално: Тренерот на ГФК Осогово си поднесе оставка

ГФК Осогово има слаб старт во новата сезона како второлигаш, па досегашниот тренер на клубот од Кочани си поднесе Оставка.

Осогово после четири кола во втората лига е без бодови, па тренерот Александар Андов ја превзема одговорноста за слабите резултати и го напушти клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Андонов на клупата ќе го заменува досегашниот помошник Кире Георгиев.

„Раководството на ГФК Осогово и тренерот на првиот тим Александар Андов ја раскинаа досегашната соработката откако досегашниот тренер на тимот си поднесе оставка поради слабиот старт на сезоната по првите 4 кола.

Младиот и перспективен тренер Александар Андов ја предводеше екипата и претходната сезона во која постигна задоволителен резултат и со нашиот тим успеа да се пласира од трета во втора лига исток, но после 4 порази едно по друго во почетокот на сезоната во 2 МФЛ исток, доблест на секој голем тренер и човек е да ги сноси последиците од негативниот период на тимот и тоа е најдобро прифатливо решение за двете страни.

Клубот и раководството на ГФК Осогово му се заблагодаруваат на тренерот Андов за досегашната работа и му посакува успех во животот и кариерата на спортски план. Вратите на клубот и стадионот Никола Мантов ќе бидат секогаш отворени за него и во иднина со цел: соработка и јакнење на заеднички интереси во спортска и професионална перспектива.

В.Д. тренер на нашиот тим се до назначување на нов шеф на стручен штаб ќе биде досегашниот помошник тренер Кире Георгиев“, стои во соопштението објавено на официјалниот сајт на Осогово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…