Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески како и што се најавуваше е нов ракометар на португалска Бенфика.
Бенфика која го освои трофејот во Лигата на Европа пред две сезони го промовираше Талески за кого ова ќе биде нов голем предизвик кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во новата сезона Бенфика ќе биде предводена од шпанскиот стратег Хота Гонзалес. Со потписот на португалскиот клуб, Талески станува третиот македонски ракометар кој ќе настапува за Бенфика.
Пред Талески дел од овој тим беа нашите двајца голмани, Никола Митревски и Борко Ристовски. Последните три сезони од кариерата, Талески ги помина во Вардар, а играше уште и за Металург, Рајн Некар Левен и Белинген.