Англискиот селектор Герет Сатугејт и официјално се повлече од функцијата откако не успеа на Островот да го донесе европскиот трофеј.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Европското првенство Англија стигна до финалето во кое Шпанија беше подобра со 2:1. Иако играа финале Англичаните преку целиот турнир добиваа критики за начинот на кој играат и подобар впечаток оставија само против Холандија во полуфиналето.
Селекторското место Саутгејт го напушта по 102 натпревари на клупата и само Сер Волтер Винтерботом (139) и Сер Алф Ремзи (113) имаат повеќе.
Пред да дојде на селекторската функција, Англија никогаш не играла финале на Европско првенство, а со него имаа две финални битки во низа.
Селектор на Англија беше од 2016 година, претходно ја водеше и селекцијата на Англија до 21 години, додека во клупската кариера го водеше уште Миделсброу.