Герет Саутгејт денеска и официјално се повлече од функцијата селектор на Англија, а во медиумите веќе се најавуваат и неговите можни наследници.
„Трите лава“ во неделата доживеаја ново разочарување, беа поразени од Шпанија во Берлин и загубија на второ финале по ред на Европските првенства.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поразот во финалето беше доволна причина за Саутгејт да се повлече од селекторската позиција по осум години.
На листата со желби за негов наследник се три домашни имиња, односно Грем Потер, Еди Хау и Ли Карсли, како и она на Аргентинецот Маурисио Покетино, кој и е добро познат на англиската фудбалска јавност и долго време работеше во Премиер лигата.