Дома Фудбал Останато Официјално: Руди Гарсија е нов тренер на Марсеј!

Официјално: Руди Гарсија е нов тренер на Марсеј!

Пред неколку дена Олимпик Марсеј доби нови сопственици, а денес пристигна нов тренер на „Велодром“ и тоа поранешниот стратег на Рома, Руди Гарсија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


52-годишниот стратег сеуште беше под договор со римската „волчица“, но денес и официјално го раскина договорот и потпиша двегодишен договор со Олимпик Марсеј.

Гарсија ќе има за задача да го врати сјајот на францускиот гигант, а ќе дебитираа овој викенд и тоа против шампионот Пари Сент Жермен.

Руди Гарсија најголемиот успех во кариерата го направи со екипата на Лил кога ја освои титулата во Франција во сезоната 2010/11.

Новите сопственици гарантираат големи вложувања и звучни засилувања, па ангажманот на Гарсија само ги потврдува нивните амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Срамен потег на Молина: Родри тргна да слави, тој го удри без потреба – му порачаа да не се враќа во Шпанија! (Видео)

Покрај победата на Шпанија во вчерашното финале по продолженија тема во денеска во медиуми…