Дома Фудбал Официјално: Рики Пуиг има нов клуб

Официјално: Рики Пуиг има нов клуб

Барселона и Лос Анџелес Галакси и официјално постигнаа договор со Рики Пуиг.

Двата клуба официјално потврдија дека Пуиг ќе биде дел од МЛС тимот во наредните три сезони. Така Пуиг ќе стане новата ѕвезда во американската фудбалска лига, а Барселона го задржува правото да го откупи играчот до крајот на сезоната.

МЛС лигата дозволува само тројца фудбалери со посебна плата во тимот, па така Пуиг ќе биде еден од нив заедно со Чичарито Ернандез и Даглас Коста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците тврдат: Кунде останува нерегистриран!

Oвие денови чудна е ситуацијата во Барселона. Одличниот преоден рок на крајот би можел да …