Фудбалската федерација на Италија денес и официјално соопшти дека фудбалскиот клуб Палермо е исфрлен во Серија Ц.
Клубот од Сицилија кој требаше да игра бараж за влез во Серија А идната сезона, се соочува со неверојатно големи проблеми со тоа да обезбеди парични средства за идната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зампарини пред неколку месеци тврдеше дека нема да дојде до банкрот во клубот и дека со влезот во Серија А евентуално ќе ги пребродат сите кризи, но очигледно дека работите биле целосно надвор од контрола.
Денес стигна официјалната одлука на Федерацијата која соопшти дека поради административни проблеми клубот ќе биде исфрлен во Серија Ц, односно третата италијанска лига.
Сега останува нејасна иднината на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски кои најверојатно ќе добијат исписница и ќе бидат слободни да си бараат нови клубови.
#Palermo , la #sentenza del #tribunalefederale : #rosanero #retrocessi in C #SerieB https://t.co/ogN97y8nTz #serieB
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) May 13, 2019