Дома Фудбал Англија Официјално: Падна потпис во Челзи!

Официјално: Падна потпис во Челзи!

Од Челси објавија дека и официјално го продолжиле договорот со младиот и перспективен фудбалер од средниот ред, Тимо Анјорин.

19 годишниот фудбалер стави потпис на договор кој ќе има важност до 2025 година и так астави крај на шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во Арсенал или Манчестер Сити.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Прекрасно е чувството. Во клубот сум од својата шеста година и не се двоумев околу потпишувањето на нов договор. Да се игра за клубот за кој отсекогаш сонував е навистина нешто посебно за мене“ –изјави Анјорин.

Фудбалерот дебитираше за првиот тим на Челси во септември 2019 година во Лига Купот против тимот на Гримсби Таун.

Во Премиер лигата своето деби го имаше во месец март кога Челси го растури Евертон со 4:0. Тоа всушност беше и последниот натпревар за „сините“ од Лондон пред првенството да биде запрено поради пандемијата од коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Тотенхем веднаш го побарал Исак: Не знам како неговата нога заврши таму

Одбранбениот играч на Тотенхем, Мики Ван де Вен, упати искрено извинување до напаѓачот на …