Дома Фудбал Англија Официјално: Отаменди верен на „граѓаните“!

Официјално: Отаменди верен на „граѓаните“!

Николас Отаменди е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити сезонава, па раководството на „граѓаните“ го награди со нов договор.

Отаменди до сега за Манчестер Сити има одиграно 118 натпревари, а денес се обврза на верност кон „граѓаните“ до 2022 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако клубот не ги откри финансиските детали, медиумите на Островот пренесуваат дека Аргентинецот добил значително зголемување на платата.

29-годишниот Отаменди на „Етихад“ пристигна во 2015 година од Валенсија, а оваа сезона е стандарден во првиот тим и пропушти само еден натпревар во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ја откри тајната на успехот на Сити: Сонцето. Не се шегувам

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изненадувачки објасни зошто неговиот тим традиц…