Олимписките игри во Токио нема да се одржат како што е планирано од 24 јули до 9 август оваа година поради пандемијата со коронавирусот.
Денес и официјално беше донесена одлука Олимписките игри во Токио да се одложат за јули 2021 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Националните олимписки федерации од Канада, Велика Британија и САД, јавно прашаа каква ќе биде судбината на Олимписките игри. Со оглед на паузата, која со сигурност ќе потрае уште еден месец, спортистите се соочуват со голем хедикеп бидејќи не можат да тренираат и да го извадат најдоброто од себе.
Јапонците последниве неколку дена беа цврсти во својот став дека Олимписките игри ќе бидат одржани според планираното, но на крајот се постигна конечна одлука за нивно одложување.
Претходно УЕФА го откажа Европското првенство исто така за лето 2021 година.
BREAKING: Japan’s Prime Minister Shinzo Abe says he has reached an agreement with International Olympic Committee President Thomas Bach to postpone the Olympics for about one year. https://t.co/VWsFBybUwn
— CNN (@CNN) March 24, 2020