Дома Трансфер зона Официјално: Матија Перин нов голман на Јувентус

Официјално: Матија Перин нов голман на Јувентус

perin juventus

Oна што во претходните денови се најавуваше, сега и официјално беше потврдено на сајтот на италијанскиот шампион.

Матија Перин е нов голман на Јувентус!


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Овој 25 годишен чувар на мрежата во Торино пристигнува од Џенова, а „Бјанконерите“ за неговите услуги ќе платат сума од 12 милиони евра, тој износ може да го исплат во наредните три години.

Перин е репрезентативец на Италија и важи за еден од најдобрите голмани на Апенините веќе неколку години, голем број клубови се обидуваа да го доведат во своите редови, но тој сакаше само во Јувентус.

Понудата конечно пристигна, а во Торино ќе го наследи Џанулиџи Буфон кој после 17 години напушти Јуве. Перин за прв голман на „старата дама“ ќе се бори со Војчех Шчесни кој е член на Јувентус од летото 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …