Дома Фудбал Германија Официјално: Марк Бартра е нов фудбалер на Бетис

Официјално: Марк Бартра е нов фудбалер на Бетис

Шпанскиот фудбалер, Марк Бартра е нов фудбалер на Реал Бетис. Бартра од летото 2016. година е член на Дортмунд, но во последно време не играше многу и одлучи дресот на германската екипа да го замени со дресот на Бетис.

Ова за Бартра е враќање во Ла Лига, откако претходно ги бранеше боите на Барселона. Трансферот од Дортмунд во Бетис е вреден 10 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со новиот клуб овој дефанзивен фудбалер потпиша договор до летото 2023. година. Да потсетиме, тој во текот на оваа сезона одигра вкупно 20 натпревари за Дортмунд и постигна четири погодоци и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Пресврт и предавство во најава: Влаховиќ потпишува за еден од најголемите ривали на Јувентус!?

Душан Влаховиќ неодамна се согласи да потпише краткорочен договор (две години) со Јувентус…