Медиумите многу шпекулираа, но сега на целата приказна е ставена точка!
Ова лето се појавија приказни дека Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона. Се изгледаше шокатно, но имаше логика, а со одложувањето поптпишувањето на договорот Меси само ги зголемуваше шпекулациите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се пишуваше дека одложувањето Меси би можело да значи дека тој ќе ја промени средината, посебно после сезоната во која Барселона успеа да го освои само шпанскиот куп.
Сепак, сега на сите шпекулации им дојде крајот, Меси стави потпис на новиот договор со Барселона.
Сето ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот од Каталонија, а одличниот Аргентинец кој во текот на вчерашниот ден ја прими „Златната копачка“ со Барселона потпиша договор до 2021 година.
После 4788 денови од дебито. 602 одиграни натпревари, 523 постигнати погодоци и 30 освоени трофеи. Меси и официјално потврди дека сака уште.
Како што стои на официјалниот Твитер профил на Барселона „приказната продолжува“.
He made his debut 4,788 days ago.
He has played 602 games.
He has scored 523 goals.
He has won 30 trophies.
The story continues.#Messi2021 pic.twitter.com/XPdIhvaqgI— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 25, 2017