Денес Милан и официјално го претстави второто летно засилување, Франк Кеси кој доаѓа од Аталанта.
Иако имаше шпекулации дека се појавиле проблеми околку медицинските прегледи, денес Кеси и официјално потпиша петгодишен договор со Милан.
„Росонерите“ за неговиот потпис ќе и платат 28 милиони евра на Аталанта, но во 2019 година, според договорот кој го потврдија двата клуба.
Кеси одигра фантастична сезона во Аталанта и се промовираше во еден од најперспективните фудбалери за врска, а со оглед на фактот дека има само 20 години сигурно ќе биде големо засилување за „росонерите“.
Иако преодниот рок официјално сеуште не е започнат, ова е веќе второ засилување за Милан после Матео Мусакио кој пристигна од Виљареал.