Дома Фудбал Англија Официјално: Еден од најголемите бразилски таленти потпиша за Манчестер Сити!

Официјално: Еден од најголемите бразилски таленти потпиша за Манчестер Сити!

Манчестер Сити денес потврди дека постигнал договор со Фламиненсе за трансфер на 17 годишниот крилен напаѓач

„Граѓаните“ објавија дека трансферот е договорен и еден од поголемите таленти во бразилскиот фудбал во наредните пет години ќе биде врзан со договор со Манчестер Сити.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Среќни сме што можеме да потврдиме дека постигнавме договор со Фламиненсе за трансфер на Кајки“, соопштија од редовите на англискиот клуб.

Кајки нема веднаш да се упати кон Островот. Сити одлучи да го остави на позајмица во Фламиненсе до крајот на сезоната и во бразилската Серија А ќе собира искуство.

Младиот офанзивец е голема надеж на бразилскиот фудбал. Многумина го споредуваат со Нејмар, а професионален фудбал почна да игра пред два месеци.

Сепак, веќе упсеа да привлече големо внимание. Постигна два гола на осум настапи, еден од нив беше посебен бидејќи си поигра со противничката одбрана во шеснаесетникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…