Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Де Роси помошник на Манчини во репрезентацијата на Италија

Официјално: Де Роси помошник на Манчини во репрезентацијата на Италија

Oд Фудбалската федерација на Италија потврдија дека Даниеле Де Роси ќе биде нов помошник на Роберто Манчини.

Легендата на Рома и претходно не ја криеше желбата да започне тренерска кариера, а сега ќе биде дел од стручниот штаб на Манчини. Во тимот на Манчини Де Роси ќе има улога на технички тренер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Горд сум на оваа нова епизода со националниот тим, благодарен сум на претседателот Гравина и селекторот Манчини за дадената доверба, се надевам ќе ја оправдам“, изјави Де Роси.

Првата задача на Де Роси ќе биде подготовката на тимот за квалификациите на Мундијалот, а на лето следи и Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Следната сезона Шпанија ќе има пет учесници во фудбалската Лига на шампионите, со можност …