Португалецот Деко кој со голем успех го носеше дресот на Барселона од 2004 до 2008 година се врати во Каталонија и сега ќе има улога на спортски директор.
Деко денес беше промовиран за нов спортски директор, а договорот кој го потпиша е со важност на три години. Ова именување на Деко за спортски директор не е преголемо изненадување затоа што Португалецот од мај помагаше во трансферите на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На позицијата Деко го наследува Метју Алемани кој официјално ќе си замине на 2-ри септември, односно со завршувањето на летниот преоден рок. Дотогаш Деко и актуелниот спортски директор ќе работат заедно.
🤝 Deco, new FC Barcelona sporting director
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 16, 2023
✍️ The first team player between 2004 and 2008 signs a contract as sporting director at the Club for the next three seasons