Дома Фудбал Италија Официјално: Во Италија цел месец фудбал без публика!

Официјално: Во Италија цел месец фудбал без публика!

Она што се најавуваше вечерва доби официјална потврда.

Сите натпревари во Серија А во наредниот месец ќе се играат пред празни трибини. Владата ов Италија, фудбалскиот сојуз и Серија А се сложија дека поради епидемијата од коронавирусот најдобро решение да се игра без навивачи.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Во последните две недели беа одложени осум натпревари во Серија А, а меѓу нив беше и дербито помеѓу Јувентус и Интер.

Во Италија до сега се потврдени 2.502 случаи на коронавирусот. Најмногу се загрозени регионите Ломбардија, Пјемонт и Венето. Од денес во Италија се затворени сите школи и универзитети до средината на месецот.

Бидејќи повеќе немаше време за одложување, затварањето на вратите за навивачите изгледаше како логичен и очекуван потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Прво засилување за Инзаги: Κога не може Тео, добар е и Анхелињо

Шпанскиот интернационалец од Рома, Анхелиньо, ја продолжува својата кариера во екипата на …