EХФ денес ги објави имињата на клубовите кои директно обезбедија место во групната фаза од Европската лига, како и на десетте клубови кои ќе се обидат преку една квалификациска рунда да дојдат до место во групите.
РК Вардар кој во изминатите две години поради долговите од претходното раководство не играше во Европа, а сега доби дозвола за настап. Црвено-црните се сместени во групаата на квалификанти и во екипите кои се сметаат за со полош квалитет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Заедно со Вардар тука се: Рајн Некар Левен (Германија), АБЦ Брага (Португалија), Гранолерс (Шпанија), Винтетур (Швајцарија) и Иштад (Шведска). Елиминациските натпревари ќе се играат на 26/27 август и 2/3 септември, ждрепката е на 18-ти јули во Виена.
Од друга страна Алкалоид како вицешампион на Македонија доби место директно во групната фаза. На ждрепката за групите која е на 28-ми јули, Алкалоид ќе биде дел од вториот барабан.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961