Дома Фудбал Официјално: Валенсија позајми фантастичен играч од Виљареал (ФОТО)

Официјално: Валенсија позајми фантастичен играч од Виљареал (ФОТО)

Шпанскиот гигант Валенсија повторно ќе игра во Лигата на шампиони, па потребни им се играчи кои би им помогнале во постигнување на подобар резултат во европското натпреварување.

Валенсија беше еден од најактивните клубови минатата сезона. Екипата има многу млади играчи кои сакаат да се докажуваат, а пред неколку дена пристигна и Мичи Батшуаи од Челси.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Денеска, Валенсија на својот Твитер профил објави дека ангажирала играч на „жолтата подморница“, Денис Черишев.

Русинот играше фантастично на Мундијалот во својата татковина, па помогна во елиминацијата на Шпанија во нокаут фазата.

Черишев играше претходно за „лилјаците“, во 2016. година беше на позајмица, па потоа се врати Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…