Готово е, Фабио Борини се сликаше во дресот на Милан.
Пристигна и официјална потврда на она што се очекуваше веќе неколку дена, Фабио Борни е нов фудбалер на „росонерите“. Милан е негов седми клуб во професионалната кариера. Претходно настапуваше за Сандерленд, Ливерпул, Рома, Парма, Свонси и Челзи.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Борини е дете на Болоња, Челзи го доведе на само 16 години, но вистинска шанса во сениорската конкуренција не доби.
Најдобар впечаток остави во Сандерленд, но бидејќи „црните мачки“ испаднаа од Премиер лигата, Италијанецот одлучи да замине.
На „Сан Сиро“ пристигнува на позајмица со право на откуп. Борини е второто засилување во нападот на Милан ова лето откако претходно пристигна Андреа Силва.