Дома Фудбал Останато Официјално: Ајакс има нов тренер!

Официјално: Ајакс има нов тренер!

Холандскиот стратег Џон Ван Шип е нов тренер на Ајакс објави клубот од Амстердам.

Поранешниот играч и помошен тренер во стручниот штаб на Ајакс се врати во матичниот клуб со кој потпиша договор до летото 2025 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Многу сум среќен што договорот е постигнат и едвај чекам да започнам со работа во клубот. Разговорите со сите вклучени луѓе резултатираа со одлично чувство за мене. На Ајакс му е потребно повторно да го најде патот до врвот и со задоволство ќе му помогнам во тоа“, изјави Шип на промоцијата.

Во кариерата досега тој ги водеше Твенте, Мелбург, Гвадалхара, Зволе и репрезентацијата на Грција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар ја продолжи соработката со својот главен спонзор!

Вардар и оваа сезона ќе ја има поддршката од својот главен сојузник, „Новоматик“, кој ќе п…