Дома Трансфер зона Официјално: Артур е нов фудбалер на Барселона!

Официјално: Артур е нов фудбалер на Барселона!

Раководството на Барселона денес и официјално го потврди трансферот на Бразилецот Артур од Гремио.

Двата клуба веќе подолго време беа во преговори, па конечно беше најден заеднички јазик.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Каталонците за потписот на Артур ќе платат 30 милиони евра веднаш, плус 10 милиони евра преку разни бонуси.

Артур ќе пристигне на „Камп Ноу“ во јануари 2019 година, а уште сега ќе потпише 5-годишен договор со Барселона.

21-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите таленти во Бразил и за него силен интерес покажуваа многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…