Дома Фудбал Италија Официјално: Американскиот милијардер ја купи Рома

Официјално: Американскиот милијардер ја купи Рома

Рома и официјално објави дека е продадена на амаериканскиот бизнисмен Дан Фриедкин за 600 милиони евра.

Фриедкин стана претседател на клубот на местото на неговиот сонародник Џејмс Палота и неговата корпорација откупи 84% од капиталот на римскиот клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Станува збор за 54 годишен бизнисмен кој е претседател на холдинг група од десетина фирми со седиште во Хјустон.

Неговото богатство се проценув на четири милијарди долари, а неговото влегување во клубот секако ги радува навивачите кои сега очекуваат да има големи вложувања за Рома повторно да дојде до врвот на италијанскиот фудбал.

Рома и сега не е далеку, но никако не успеваат да напарават нешто и да се посериозно да се вклучат во трката за Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Коментатор го пренесуваше дебаклот на Македонија, а скокаше од радост за Косово! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Косово вчера го забележа еден од најголемите успеси во после…