Српскиот фудбалер Лука Јовиќ (21) ова лето би требало да направи голем трансфер.
Интерес за талентираниот српски напаѓач е огромен. Го бараат голем број европски гигант, помеѓу кои се Барселона, Баерн, Реал, Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа според пишувањето на германски „Билд“ Јовиќ одлучил да ја одбие Барселона и тоа за овој медиум го потврди неговиот татко.
„Лука има понуди. Една од нив е од Барселона, но тој не е заинтересиран“, изјави таткото на Јовиќ, а потоа даде и објаснување.
„Јовиќ сака да игра во Лигата на шампионите. Меѓутоа не е сигурен дека ќе игра стандардно во Барселона“, објасни таткото на фудбалерот.
Медиумите најавуваат дека Јовиќ на крајот и би можел да остане во Ајнтрахт, но само ако тимот од Франкфурт избори место во Лигата на шампионите до што е многу блиску.
Меѓутоа германскиот тим е свесен дека има вистински „бисер“ во своите раце. Спремни се да го продадат за голема сума, а се најавува дека би можел да биде платен и 65 милиони евра.
Трансферот во Барселона судејќи сега според се отпадна, а ниту Баерн според информациите не е спремен да ја плати таа сума бидејќи ја продолжија соработката со полскиот напаѓач, Роберт Левандовски.
Јовиќ оваа сезона одигра вкупно 38 натпревари во сите натпреварувања и има учинок од 24 гола и седум асистенции.
https://www.youtube.com/watch?v=OFwVmycSwSA