Дома Фудбал Откриено што ќе прави Клоп откако ќе го напушти Ливерпул

Откриено што ќе прави Клоп откако ќе го напушти Ливерпул

Германскиот тренер Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот од оваа сезона. По осум години на „Енфилд“, 56-годишниот Клоп одлучи дека му е потребен одмор од фудбалот. Со Ливерпул освои се, а и оваа година може да биде шампион на Англија.

Агентот на Клоп, Марк Косике за германски Скај Спортс изјави дека Клоп не планира следната сезона да оди во Баерн или во германската репрезентација, кои го сакаат за тренер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Планот е тој да не биде тренер на ниту една репрезентација или клуб најмалку една година. Тоа останува непроменето“, изјави Косике.

Како што пишува британскиот весник Мирор, германскиот тренер во текот на таа година ќе се занимава со приватените обврски.

Тој сака да изгради куќа во Мајорка, неговото омилено место за одмор. Тој исто така сака да изгради дом во Визбаден до Франкфурт, каде што има намера да живее со сопругата Ула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ванда „заби нож“ во срцето на Икарди – се заљубила во „забранет фудбалер“

Контроверзната Ванда Нара се разведе од аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди по 11 години бр…