Челзи моментално е на врвот на Премиер лигата и ги собори сите рекорди со 12 победи во низа во кои избраниците на Конте примија само два гола.
Сепак, „сините“ на ја започнаа најдобро оваа сезона, а интересен е податокот кој го откри еден новинар на „Сан“.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Имено, сопственикот Роман Абрамович размислувал да го отпушти Конте после двата последователни првенствени порази.
Челзи тогаш претрпе тешки порази најпрво на „Стенфорд Бриџ“ од Ливерпул 2:1, а потоа на гости беше декласиран од Арсенал со 3:0.
Абрамович е познат по тоа што нема трпение со тренерите, но овој пата навистина имал среќа што не го избрка Конте, бидејќи Италијанецот ги препороди „сините“ и е најзаслужен што се главни фаворити за титулата.