Каталонски „Спорт“ на својата насловна страна како главна тема откри детали од договорот со Антоан Гризман.
Весникот кој имаше увид во деталите од договорот на Гризман, откри дека Барселона со испраќањето на францускиот репрезентативец во Атлетико Мадрид ќе заштеди дури 200 милиони евра во наредните три години.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според податоците од договорот, Гризман требало да добива поголема плата во следните три години, во првите заработил 17 и 18 милиони евра, додека во останатите требало да добива по еден милион евра повеќе секоја година.
Платата на Гризман ќе била уште поголема поради бонусите за одиграни натпревари, постигнати голови и освоени трофеи.
Каталонски „Спорт“ на крајот заклучува дека Барселона можела да го задржи Меси доколку порано го продадела Гризман