Мурињо одлично ја започна својата авантура на кормилото на Тотенхем, но сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми тврдат дека раководството ќе му ја исполни желбата на Мурињо, иако не планира да прави големи трансфери во јануари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поразот од Челзи пред неколку дена на домашен терен покажа дека тимот на Мурињо е „ранлив“ и дека му се потребни засилувања.
Медиумите на Островот откриваат дека најголема желба на „спарси“ во зимскиот преоден рок ќе биде поранешната надеж на Барселона, Адама Траоре.
Траоре минатото лето стигна во Вулверхемптон од Миделсбро за 20 милиони евра, а сезонава постигна четири гола и шест асистенции во 27 меча.
Тотенхем е спремен да понуди 30 милиони фунти за неговиот потпис, па останува да се види дали „волците“ ќе ја прифатат понудата.