Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја составил листата на потенцијални засилувања во летниот преоден рок, а медиумите открија и која е неговата најголема желба.
Имено, најголема желба на Клоп е неговиот сонародник од ПСЖ, Јулијан Дракслер, кој сака по секоја цена да го види на „Енфилд“ следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клоп бара замена за Фелипе Кутињо кој во јануари за 160 милиони евра се пресели во Барселона и смета дека Дрекслер е идеално решение.
Германецот не добива голема минутажа во Париз, особено полсе доаѓањето на Нејмар, па и самиот е спремен да ја промени средината.
Интерес за Дракслер покажуваат и други европски гиганти, но медиумите тврдат дека Ливерпул е во пол-позиција за неговиот потпис.